Black Friday понуда од ЕДС АД: Шест месеци попуст на трошокот за потрошена електрична енергија

Black Friday понудата која што ја подготви ЕДС АД за своите клиенти го обезбедува она што сите потрошувачи во овие кризни времиња го посакуваат – попуст на трошокот за потрошена електрична енергија.

ЕДС во својата Black Friday понуда нуди

  • 2% намалување на трошокот за потрошена електрична енергија на слободниот пазар
  • Попуст важи за првите шест месеци од траењето на договорот.
  • Попустот ги опфаќа најкритичните месеци (јануари - април).
  • 2% попуст на HUPX цената би значело намалување на цената од 5,7 евра за еден мегават/час (пресметката е направена согласно цените од 23.11.2022).

Пример: За средни претпријатија кои трошат на пример 200 мегават/часови месечно би значел заштеда во апсолутни вредности од 1.140 евра месечно. За повеќе информации за Black Friday слободно обратете ни се на info@eds.mk или на телефонскиот број +389 2 55 14 100.