Историја
Енерџи Деливери Солушнс АД е компанија регистрирана во 2012 година како компанија за трговија со електрична енергија на домашниот големопродажен пазар. Во февруари 2014, во очи на целосната либерализација на пазарот за електрична енергија, ЕДС се стекна и со лиценца за снабдување со електрична енергија на малопродажниот пазар. Почнувајќи од 1 април 2014 година, ЕДС се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на домашниот пазар.
Во текот на 2018 година, ЕДС стана дел од групацијата PPC SA (од Грција) и за кус период ја заврши својата голема трансформација во акционерско друштво (во 100% сопственост на PPC SA) со основачки капитал од 5,5 милиони евра, стабилно портфолио и финансиска моќ на ниво да ги издржи без проблем предизвиците во текот на COVID-19 пандемијата како и енергетската криза која ги следеше безбедносните ризици во источна Европа на почетокот на 2022 година.
ЕДС Регионална корпоративна инфраструктура
Периодот во текот на 2023 и 2024 година беше искористен за финансиска консолидација како и за остварување повисок степен на интеграција со групацијата на PPC SA.
На почетокот на 2025 година, ЕДС промовира нови и единствени производи на малопродажниот пазар на електрична енергија со долгорочни позиции со фиксни цени како и производи со комбинација од фиксни и индексни цени на електричната енергија. Атрактивноста на нашите производи се отсликува во нашето брзо растечко продажно портфолио како и во продажбата на над 50,000 kWh во текот на секој час.